12.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Ако Ливерпул не биде првак, „виновни“ ќе бидат Французите

Репрезентацијата на Франција е светски првак во фудбал, но во првиот тим на Ливерпул нема ниту еден француски играч, и тоа може скапо да го чини клубот од „Енфилд“. Историјата покажува дека во англиското првенство,откако се игра под името Премиер лига, речиси редовно титулата ја освојувале клубови кои имаат барем еден француски фудбалер.

Низата ја почна Ерик Кантона пред 28 години. Од 2000 година наваму, секогаш трофејот оди во рацете на тим кој има Французин.

Ливерпул е лидер во Премиер лигата, но има само еден бод повеќе од Манчестер сити, кој во своите редови има Французи (Лапорт, Менди и Гомес). Откако пред две години го продадоа Мамаду Сако во Кристал палас, „црвените“ немаат играч со француски пасош. Беа заинтересирани за Набил Фекир од Лион, но не го доведоа.

Во премиерлигашките клубови кои сезонава се дел од англиската елита, само Ливерпул и Барнли немаат Французи во своите редови. Доколку екипата на Јирген Клоп освои титула, ќе докаже дека и без Французи може да се освои трофејот. Ако Ливерпул ја испушти шансата, веројатно ќе мора да купи еден играч од таа земја.

- Оглас -

Најнови вести