33.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Ако Македонија игра бараж за СП, во сегашната ситуација пак најверојатен противник ни е Италија

Според моментната ситуација на табелите во квалификациите за Светското фудбалско првенство, пресметано е дека македонската репрезентација би требало да игра бараж, а со оглед на тоа што ние според рејтингот би биле во четврти шешир, би играле полуфинале со некој од првиот и тоа на гости.

Најдобро рангирани селекции кои во моментов се втори во своите групи се Италија, Данска, Турција и Украина. Симулациите на ФМД покажуваат дека најголеми шанси имаме да се сретнеме со Италија, а после тоа со Турција, додека помали се шансите да гостуваме кај Данска или Украина.

Македонија е прва во својата група, но имаме и еден меч повеќе од фаворитот Белгија. На Белгијците им гостуваме во октомври кога игра дома со Казахстан, а на крајот на квалификациите во ноември, гостуваме и кај Велс кој истотака има амбиција да биде прв или втор.

- Оглас -

Најнови вести