Ако Македонија се најде во бараж, големи се шансите таму да има балкански ривал

Освојување на второто место во квалификациската група Ј, и место во баражот за СП 2022 е желбата на македонската фудбалска репрезентација. За да се оствари целта, потребно е освојување на бод или три против Германија, и по можност средбата Романија – Ерменија да заврши нерешено.

Нема да биде добро за нас ако Романците слават, бидејќи имаат најлесен распоред до крајот, а ако победи Ерменија, ќе треба Ерменците да ги победиме во Ереван. Доколку на еден или друг начин успееме да се пробиеме до бараж, големи се шансите за ривал да добиеме некој тим од балканските простори.

Според моментната состојба на табелите, од групата А, втора може да биде Србија. Во групата Б, кандидати за бараж се Грците, во групата Д втора може да биде БиХ. Во групата Г, во бараж може да се најде Турција, од групата Х потенцијален ривал е Хрватска, а од групата И, Албанија.

Во бараж ќе оди и Швајцарија од групата Ц, Чешка или Велс од групата Е, од групата Ф се Шкотска, Израел и Австрија, како и две селекции според рејтингот од Лигата на нации, во моментов тоа би биле Австрија и Велс.

- Оглас -

Најнови вести