-0.2 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Ако Македонија се пласира на СП 2026, ќе добие минимум 10,5 милиони долари

Светската фудбалска федерација, ФИФА, објави дека на претстојниот Мундијал следната година во Мексико, САД и Канада ќе додели рекордни парични награди.

Шампионот ќе добие 50 милиони долари, а најслабите селекции, кои ќе се најдат од 33-тото до 48-мото место на конечната табела, ќе заработат по 9 милиони долари, што е околу 7 милиони евра.

Вкупниот награден фонд за СП 2026 година ќе изнесува 727 милиони долари, од кои 655 милиони долари, што е за 50% повеќе отколку на претходното Светско првенство.

  • Прво место: 50 милиони долари
  • Второ место: 33 милиони долари
  • Трето место: 29 милиони долари
  • Четврто место: 27 милиони долари
  • Од петто до осмо место: 19 милиони долари
  • Од деветто до шеснаесето место: 15 милиони долари
  • Од седумнаесето до Триесет и второ место: 11 милиони долари
  • Од триесет и трето до Четириесет и осмо место: 9 милиони долари

Покрај тоа, секој тим што ќе се квалификува за завршниот турнир ќе добие 1,5 милиони за покривање на трошоците за подготовка. Ова значи дека на сите учесници на Светското првенство им е загарантирано да добијат најмалку 10,5 милиони.

Шанса да игра на Мундијалот има и Македонија, па и нашата земја да добие дел од богатиот колач. За да дојдеме на СП и да играме во групата А со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја, треба во мартовските баражи на гости да ги победиме Данска и Чешка или Ирска. 

- Оглас -

Најнови вести