Навивачите на Реал Мадрид неодамна го прогласија Еден Азар за најголемо промашување во историјата, немаат убави зборови ниту за Герет Бејл, но се чини дека заборавија дека пред 15 години имаа „дух“ во тимот.
Во сезоната 2008/09 кога тренер беше Хуанде Рамос, еден играч редовно ги избегнуваше тренинзите, спиеше на натпреварите, а притоа добро заработуваше. Тоа е Жулиен Фабер кој во Реал пристигна на шестмесечна позајмица на барање на тренерот Рамос.
„Има многу шпекулации кога ќе започне преодниот рок, а кога слушнав за интересот на Реал, мислев дека некој се шегува со мене. Бев под стрес, но сепак, поседував се што бараше Рамос од мене и затоа ме донесе во Реал“, зборуваше Фабер во минатото.
Фабер во Реал дојде на шестмесечна позајмица и одигра само 54 минути на само два натпревари, против Расинг Сантандер и Алтлетик Билбао.
Тој е познат и по изјавата дека не е дебел туку дека белиот дрес на Реал го прави да изгледа така.
Иако се правдаше дека не играше поради Арјен Робен, шпанските медиуми пишуваа дека главната причина за неиграњето е бидејќи на тренинзите воопшто не се трудеше да се наметне кај тренерот Рамос. Еднаш пропуштил тренинг бидејќи мислел дека има слободен ден, а на натпреварите често знаеше и да заспие.
По завршување на професионалната кариера, Фабер се префрли во тренерските води, а моментно седи на клупата на францускиот нисколигаш Етоил.