Ако Надал се пласира во финалето во Париз, ќе нема дилеми околу новиот шампион на Ролан Гарос

Рафаел Надал попладнево (14:45 часот) против Александер Зверев ќе води битка за пласман во големото финале на Ролан Гарос, што за него би било 14-то во кариерата во Париз.

Шпанскиот тениски великан е голем фаворит во пресрет на дуелот со Германецот, како и за самиот пехар на францускиот гренслем, кој досега го има кренато рекордни 13 пати. Токму така, Надал има максимален учинок во финалињата во Париз, што наговестува дека ќе се закити со 22-та гренслем титула доколку денес го надигра Зверев.

Што се однесува до меѓусебните дуели, Надал води со 6-3 против Зверев, односно 4-1 на земјена подлога, статистика која помалку го отпишува Германецот од било каква сензација.

По овој дуел, второто полуфинале ќе се игра помеѓу Каспер Руд и Марин Чилиќ, тој дуел е закажан во 17:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести