Ако навивачите дојдат пред стадион, клубот ќе загуби со службен резултат

Како се ближи продолжувањето на сезоната во Бундеслигата, така на виделина излегуваат и голем број на нови правила кои ќе мора да се почитуваат за време на коронавирусот.

Освен тоа што ќе биде за плукање на терен ќе се добива жолт картон, ќе биде забрането гушкање со соиграчите после постигнат гол, ќе нема поздравување и групно фотографирање пред меч, и слично, сега е откриено дека ќе се казни и евентуално собирање на навивачи пред стадион.

Објавено беше дека сите мечеви во Германија ќе се играат без публика, па можеби некои навивачи планираа да се појават пред стадион и од таму да им даваат поддршка на своите миленици. Директорот на Ајнтрахт, Фреди Бобич, ги моли да не го прават тоа. Сите такви групни собирања се забранети, и ќе се казнуваат со службен пораз од 0-3 за тимот чии навивачи ја прекршиле забраната.

„Многу разговаравме со нашите фанови и им кажавме да не доаѓаат пред стадион, бидејќи ако се појават, мечот ќе го загубиме со службен резултат. Правилата се остри и стриктни. За среќа, навивачите се паметни и ветија дека нема да направат нешто што ќе му наштети на клубот“ – рече Бобич.

- Оглас -

Најнови вести