Ако не ги сопрат Романците, ќе се обиде Македонија – Германците во страшен поход 20 години маршираат без пораз во квалификации за СП

Германија е во страшен поход и опасно маршира во квалификациите за Свестко првенство, а вчера со победата против Исланд поставија нов рекорд.

Избраниците на Јоаким Лев лесно се справија со Исланѓаните, планот на гостите да се обидат да се одбранат се растури по само 7 минути игра, кога веќе беше 2:0 за „Елфот“.

Погодија Леон Горецка и Каи Хаверц, потоа во листата на стрелците се запиша и Илкај Гиндоган за убедлив резултат од 3:0 и рекордна 17-та победа по ред на Германците во квалификациски меч за настап на Светско првнство.

Тоа им е национален рекорд во долгата и многу богата историја на германскиот репрезентативен фудбал, проткаен со многу титули на големите натптреварувања.

Последен пат во квалификациски меч за настап на Мундијал, Германците беа поразени на 1. септември во 2001 година од Англија дома, со 1:5 и оттогаш не знаат за неуспех, а имаат по некое реми и сега и рекорд со серија од 17 победи.

Следен меч им е тој во Букурешт во недела против Романците, а ако и тие не успеат да го сопрат страотниот марш без пораз што трае цели 20 години, тогаш на ред ќе дојде Македонија.

Ние ќе им бидеме гости на четирикратните светски прваци на 31. март во Дуизбург во меч од третото коло од нашата квалификациска група за пат во Катар на шампионатот што ќе се игра идната година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести