28.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Ако не се согласи на нов договор, Реал е подготвен и да го продаде Винисиус јуниор

Реал Мадрид подолг период има цел да го продолжи договорот со Винисиус јуниор, но преговорите не течат во најдобра насока. Бразилецот, чиј актуелен договор трае до летото 2027 година, повторно ја одбил најновата понуда од Кралевите, што дополнително ја заладило атмосферата меѓу двете страни.

Според шпанските медиуми, Винисиус јуниор е подготвен да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ уште ова лето. Манчестер сити веќе воспоставил контакт со неговите претставници, а играчот не би ја одбил можноста да заигра под водство на Пеп Гвардиола. Сепак, тој има одредени резерви поради 115-те финансиски обвиненија што се водат против клубот, иако раководството на Граѓаните се обидува да го увери дека тоа нема да влијае на неговиот престој.

Реал Мадрид, од своја страна, е подготвен да се раздели со Винисиус доколку пристигне понуда од 150 милиони евра. Според шпанските медиуми, главната пречка во преговорите е платата. Бразилецот бара исти годишни примања како Килијан Мбапе околу 30 милиони евра, како и значителен бонус за потпис на нов договор. Клубот не е расположен да вложи толкав финансиски напор, што го прави раскинот сè поизвесен.

Винисиус јуниор пристигна во Реал во 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра и за овие шест години стана еден од клучните играчи во нападот на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести