Ако не се вакцинира, Новак Ѓоковиќ нема да игра ниту на Ролан Гарос!

Доколку не се вакцинира против Ковид-19 во наредните три-три ипол месеци, Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи ниту на Отвореното првенство на Франција во мај.

Организаторите на „Ролан Гарос“ и тениската федерација на Франција ја известиле АТП дека наскоро владата на Франција ќе донесе закон според кој, на спортски натпревари смее да настапат само вакцинирани спортисти, па и парискиот единствен грен-слем турнир кој се игра на земјена подлога, нема да биде исклучок.

Дури нема да може да се игра со потврда за присуство на анти-тела, ако тенисерот не примил барем една доза вакцина. „Ролан Гарос“ стартува на 22-ри мај.

- Оглас -

Најнови вести