Ако не стивне војната во Нагорно Карабах, Ерменија ќе ни биде домаќин во Полска

УЕФА донесе одлука Ерменија да ѝ биде домаќин на Грузија во Тихи, Полска, а Азербејџан да му биде домаќин на Кипар во Елбасан, Албанија, поради војната во Нагорно Карабах.

Ерменците се во нашата група 2 во Сегментот Ц и со нив треба да играме на гостински терен на 18 ноември и ако не стивне конфликтот во Нагорно Карабах, веројатно ќе се игра во Полска, на неутрален терен.

Следниот меч нашиот ривал од втората група ќе го игра во Тихи, Полска, во недела на 11 октомври против Грузија.

УЕФА донесе идентична одлука и за Азербејџан, да игра на неутрален терен со Кипар идниот вторник, но во Елбасан, Албанија.

Македонија по два меча во новиот циклус на Лигата на нации е на првото место со 4 бода, по победата над Ерменија во Скопје со 2:1 и по ремито 1:1 со Грузија во Тбилиси.

Токму Грузијците ни се можен противник во сè уште незавршениот премиерен циклус од Лигата на нациите, и тоа во финале за пат на Европското првенство идната година.

Услов за тоа е ние на 8 октомври од 20.45 часот да го победиме Косово во Скопје, а тие да ја совладаат Белорусија во Тбилиси на меч што се игра истиот ден, но од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести