Ако не успее со Чави Симонс, Баерн ќе купи друг соиграч на Елиф Елмас

Германскиот гигант Баерн Минхен посакува да го купи Чави Симонс, холандскиот интернационалец кој минатата сезона играше за Лајпциг како позајмен играч, а е во сопственост на ПСЖ. Сепак, Французите прават проблеми и не сакаат комплетно да го продадат одличниот офанзивец.

Доколку планот со Чави Симонс не успее, Баерн Минхен ќе се сврти кон Дани Олмо, уште еден соиграч на Елиф Елмас од Лајпциг.

Вредноста на Дани Олмо е околу 50 милиони евра, а минатата сезона на 27 натпревари постигна осум гола и имаше шест асистенции за Лајпциг.

За него се заинтересирани и Манчестер Сити и Барселона, а во моментот тој е со селекцијата на Шпанија на ЕВРО 2024.

- Оглас -

Најнови вести