Ако не верувате во победа на Манчестер во Белград, одберете ја квотата на денот во Sport Life

Партизан – Манчестер јунајтед (18:55 ч.)

Партизан има екстра мотив да одигра најдобро што може и да се обиде да стигне до резултат за памтење против еден од најтрофејните и најпопуларни европски клубови. Домаќините се без никакви проблеми околку составот, додека Манчестер може да состави цел тим од играчи кои нема да играат вечерва. За гостите ќе ги нема: Погба, Де Хеа, Шоу, Бејли, Далот, Менса, Матиќ и Туанзебе.

Манчестер сезонава нема ниту една победа на гости, дури и против Астана разочара и одигра 0:0 во Лигата на Европа. Токму очајната форма на Црвените ѓаволи треба да биде шанса за Партизан. Двојката е со коефициент 2.30, но ако верувате дека гостите нема да победат, одлична е понудата на квота на денот во Sport Life.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.15) – квота на денот во Sport Life

 

Ајнтрахт – Стандард Лиеж (21 ч.)

Двете екипи имаат по три бода од два меча, па меѓусебните средби може да го решат патникот за во нокаут-фазата, посебно ако се знае дека Арсенал е фаворит во оваа група. Ајнтрахт е во добра форма и има три победи и две ремија во последните пет меча. Дома го победи Баер Леверкузен, а ремизираше 2:2 со Борусија Дортмунд, што значи дека победа против екипа каква што е таа на Стандард е најлогично решение за добитен фикс.

Бундеслигашот не смее да киксне пред своите навивачи ако сака потоа во реваншот во Лиеж да биде со помал притисок.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

ПСВ Ајндховен – Ласк Линц (21 ч.)

Победа на ПСВ би значело голем скок за тимот од Ајндховен кон нокаут-фазата од ЛЕ: Ласк во Холандија патува со многу проблеми бидејќи има дури четворица повредени играчи. ПСВ има одличен напад, па во првенството и ЛЕ, во вкупно 11 меча досега, постигна 33 гола, што е точно три погодоци на меч.

Фаворитската улога е за домаќините, а погодоците се речиси загарантирани кога игра ПСВ.

Предлог тип: 1&3+ (1.63)

 

Рома – Борусија Менхенгладбах (18:55 ч.)

Едно од дерби-дуелите во ова коло од ЛЕ. Двете екипи имаат проблеми со составите, но тоа не значи дека не може да биде атрактивен дуел. Борусија започна очајно и само со еден даден гол во два меча, веќе заостанува во трката за првите две места. Затоа гостите треба да се отворат на „Олимпико“ ако сакаат да направат изненадување, а тоа е најава за погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85) – квота на денот во Sport Life

 

Спортинг – Розенборг (21 ч.)

Дуел на којшто не треба да има дилеми дека домаќините ќе победат. Спортинг е тим кој има квалитет да биде во нокаут-фазата, додека Розенборг во првите две кола не освои ниту еден бод и тешко дека ќе може нешто да направи до крајот на мечевите од групата.

Розенборг нема ниедна победа ниту во домашното првенство во последните три меча, па нема што да бара на гостувањето во Лисабон.

Предлог тип: 1 (1.53)

Освен понудените пет пара, ве потсетуваме дека во Sport Life, како квота на денот е и дуелот Арсенал – Гимараиш. За предлог-тип: 1&Т1 3+ коефициентот е 2.25.

 

- Оглас -

Најнови вести