Италија и Шпанија имаат по две победи и еден пораз по првите три кола на Европско првенство, а вечерва ќе играат меѓу себе во дербито на денот. Според квотите, Италија ја има улогата на мал фаворит, но јасно е дека овој дуел може да се реши на „една топка“.
Дури и традицијата вели дека ова се многу неизвесни дуели. На два од последните три меча на овие две селекции, по 40 минути било нерешено (73:73 и 70:70). Во едниот меч по продолжение победи Италија со три разлика, а на вториот дуел Шпанија на крајот славеше со четири поени.
Дури и ако се погледнат последните шест меѓусебни дуели, три средби завршиле нерешено и морало да има продолженија. На Европаскетот во 2013 година беше 70:70, а на крајот Италија славеше со 86:81.
Освен ова дерби, денеска се играат уште пет меча на Евробаскетот кои треба да бидат решени без проблеми во корист на фаворитите, како што се: Израел, Грција, Словенија, Грузија и Франција.
Во понудата има дури 58-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени и тоа е одлична шанса да се направи добитна комбинација.