Германскиот министер за внатрешни работи и спорт, Хорст Зехофер, изјави дека поддржува продолжување на фудбалската Бундеслига во текот на мај, но предупреди какви последици ќе има ако тестот на некој фудбалер биде позитивен на коронавирусот.
„Сметам дека распоредот кој го предложи фудбалската лига е изводлив и поддржувам продолжување на сезоната во мај. Но, ќе биде голем ризик и предизвик да се одржи планираниот распоред. Ако по ре-стартот на сезоната има случај на зараза од коронавирусот во некој тим, тогаш комплетниот клуб и евентуално нивниот противник ќе мора две недели да бидат во карантин“ – вели министерот Зехофер.
Бундеслигата беше прекината на 13-ти мај, а до крајот останаа уште девет кола. Се најавува скорешно продолжување, Германците се први од Топ 5 лигите кои ќе се реактивираат, за што фудбалските работници имаат поддршка и од властите. Средбите ќе се играат без публика