Актуелниот англиски првак Ливерпул попладнево (17:30 часот) го пречекува моменталниот лидер во Премиер лигата, Манчестер сити. Големото англиско дерби доаѓа во неповолен момент за Црвените кои не се во добра форма, додека пак тимот на Пеп Гвардиола е во страшна низа со 13 победи во сите натпреварувања.
Бројните отсуства на повредени играчи, пред сè во одбраната, го оштетија составот на Клоп кој оствари само три победи во првите четириесетина дена од 2021 година. Шампионот беше несовладлив на домашен терен во 69 лигашки дуели, но „Енфилд“ од непробојна тврдина се урна како кула од карти по двата последователни порази од Барнли и Брајтон.
Поради тие киксови, Ливерпул заостана во трката за титулата, но ако се знае карактерот на Клоп и неговите избраници, тие ќе се трудат до последното коло да го одбранат тронот на кој седнаа по 30 години пауза.
Стартот на сезоната беше проблематичен за Граѓаните, но Гвардиола најде функционален рецепт за позитивни резултати, па така Сити од поразот од Тотенхем во средината на ноевмри заигра многу подобро и веќе 19 меча е не непоразен во сите натпреварувања. Самодовербата е на максимално ниво меѓу фудбалерите на шпанскиот стратег, моменталната серија од 13 победи трае од средината на декември, а од нив дури 9 триумфи се во Премиер лигата.
Ако нешто ветува ова големо дерби, тоа е дека неизвеноста и возбудата ќе бидат истакнати до максимум. Во последните пет меѓусебни дуели одиграни во рамки од англиското првенство, Сити има подобар биланс со 2-1, додека во два меча од кои еден е последниот дуел не се одреди победник.
Клоп не може да смета на одамна повредениот Ван Дајк, како и вториот стопер Матип, па можно е еден од новите засилувања во Дејвис и Кабак да дебитира. Не играат уште Жота и Кеита.
Што се однесува за гостите, на Гвардиола му недостасува најдобриот креативец во Премиер лигата, Кевин Де Бројне, како и клупскиот рекордер Серхио Агуеро.
Најавени тимови:
Ливерпул (4-3-3): Алисон, Александер-Арнолд, Фабињо, Дејвис, Робертсон, Хендерсон, Тијаго, Вајналдум, Салах, Мане, Фирмино.
Сити (4-3-3): Едерсон, Кансело, Стоунс, Дијас, Зинченко, Бернардо, Фернандињо, Гундоган, Марез, Жезус, Стерлинг.
Табела Премиер лига:
- Манчестер сити 47 бода (натпревар помалку)
- Манчестер јунајтед 45 бода
- Лестер 42 бода
- Ливерпул 40 бода
Манчестер сити е фаворит според квотите во Sport Life, евентуалната двојка носи 2.17 коефициент, додека пак резултат во корист на Ливепрул нуди 3.70 квота. Можно реми е 3.50.