Ако нема изненадувања, МЗТ ќе ги задржи шансите за плејоф во АБА 2 лигата

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром и вицепрвакот Пелистер вечерва само со победи може да се надеваат дека ќе стигнат некако до плејофот во АБА 2 лигата, а на Металците ќе им треба помош и од „трета страна“.

МЗТ вечерва од 20 часот е голем фаворит за победа на гостувањето кај Теодо во црногорскиот град Тиват, но победата може и ништо да не им значи ако претходно во дуелот од 18 часот Хелиос загуби дома од Цедевита јуниор. Ако Словенците ја победат Цедевита, тогаш МЗТ во последното коло дома против хрватскиот тим ќе има директен дуел за второто место во групата и место во плејофот.

Битолчани, исто како и МЗТ, се на скор 1-3 по четири кола и вечерва само победа на гости кај Широки ги остава во игра за второ место во групата на кое моментно е Подгорица со биланс 2-3. И Широки има 1-3, ја брка првата домашна победа, а според квотите во Sport Life, тимот на босанските Хрвати е фаворит.

- Оглас -

Најнови вести