Ако нема ЛОИ ниту во 2021, Игрите во Токио ќе бидат целосно откажани!

Летните олимписки игри во Токио кои требаше да се одржат во 2020 година, веќе се одложени за 2021 година, а ако пандемијата на корона-вирусот не се стави под контрола до следното лето, Игрите ќе бидат дефинитивно откажани, предупредуваат организаторите.

Јоширо Мори, кој е претседател на организацискиот комитет, вели дека веќе нема простор за ново одложување. Јапонците потрошија околу 13 милијарди евра за организација и не сакаат да се откажат ЛОИ, но ако дојде до ново одложување, ќе мора да се направи тој непопуларен чекор, што би бил катастрофален.

Еден од условите да се одржат е да се изврши вакцинација на сите. Ако нема вакцина против корона-вирусот до почетокот на ЛОИ 2021, Игрите веројатно ќе се откажат. Досега ЛОИ биле откажувани само поради светски војни, во 1916, 1940 и 1944 година.

 

- Оглас -

Најнови вести