Ако од едно место стигне понуда, Мурињо одма ќе го раскине договорот со Фенербахче

Жозе Мурињо во следнте две сезони ќе биде предводник на екипата на Фенербахче во Турција. Португалскиот стратег потпиша двегодишен договор со опција за продолжување уште на една сезона со турскиот гигант, а главна цел ќе биде да го врати клубот на шампионски патеки.

Мурињо остана без работа откако во јануари доби отказ од Рома поради серијата слаби резултати. Фенербахче ќе биде 11-ти клуб за Мурињо во петто различно првенство.

Според „Калчо Меркато“, во договорот на Мурињо постои една клаузула, според која Португалецот во еден момент може да го раскине договорот. Тоа може да се случи само ако португалската репрезентација посака Жозе да биде селектор на националниот тим.

Мурињо неодамна изјави дека двапати ја одбивал португалската репрезентација, но дека ако третпат добие понуда, без никакво размислување ќе прифати. Специјалниот досега никогаш не бил селектор на некоја репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести