Ако остане Куман за тренер, во Барса ќе има „холандизација“ како во времето на Ван Гал

Поврзаноста на Барселона со Холандија е историска, ретко кога во каталонскиот тим немало холандски фудбалери, но во следната сезона би можело да има голема колонија на „лалиња“, предводена од тренерот Роналд Куман. На вчерашниот состанок со претседателот Жоан Лапорта, Куман не доби отказ и барем засега останува тренер на Барса.

Доколку дефинитивно Холанѓанецот остане тренер и во следната сезона, тогаш тимот ќе има поголем број на Холанѓани отколку сега, па Френки Де Јонг ќе добие друштво. На листата на желби се дефанзивецот Матајс Де Лихт, Џорџинио Вајналдум кој игра во средниот ред и напаѓачот Мемфис Депај.

Сите тројца има шанса да го облечат дресот на Барса, најблиску до тоа е Вајналдум кој треба да дојде како слободен играчи вчера неговиот агент беше на преговори на „Камп Ноу“. Де Лихт од Јувентус ќе се обидат да го добијат преку трампа со понуда на некои играчи кои би заминале во Старата дама од Торино, додека доаѓањето на Депај од Лион е врзано со Куман и тој ќе им се приклучи на Каталонците само ако Куман биде тренер.

- Оглас -

Најнови вести