Ако победи во финалето, Ѓоковиќ се враќа на прво место

Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето осмо финале на Гренд слем турнирот во Австралија и ако го освои овој турнир по осми пат (никогаш не загубил финале во Мелбурн), ќе го преземе водечкото место на АТП-листата од Рафаел Надал.

Ѓоковиќ не знае за пораз во 2020 година, а доколку дојде до 17-тата гренд-слем титула, како бонус награда ќе има и прво место на светската ранг-листа на најдобри тенисери. Надал е прв од 4 ноември наваму и само триумф над Зверев или Тим над Ѓоковиќ може да го остави Шпанецот на прво место.

По победата над Федерер, Ѓоковиќ го оправда својот противник со повреда.

„Го почитувам Роџер, очигледно беше дека е повреден. Се трудеше да игра на најдобар начин, секогаш дава максимум без оглед на состојбата, се надевам дека ќе биде во ред“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести