Маурисио Покетино кој по завршување на сезоната во Премиер лигата доби отказ во Челзи, нема многу да биде без работа бидејќи англиските медиуми пишуваат дека тој би можел да заврши на клупата на Манчестер јунајтед.
Судбината на актуелниот менаџер на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, сè уште е неизвесна, и иако триумфира во ФА Купот, може да добие отказ.
Токму Покетино се споменува како главен фаворит за клупата на Јунајтед во случај Тен Хаг да добие отказ, а новинарот Пит О’Рурк пишува дека Аргентинецот не планира да дојде сам на „Олд трафорд“ и ќе инсистира Црвените ѓаволи да ги ангажираат Конор Галагер и Тревох Чалоба.