Порто и Бенфика играат 1-1 по првите 45 минути на дербито на „Драгао“ во меч од португалската фудбалска лига. Гостите поведоа преку Шпанецот Грималдо, а изедначи Иранецот Тареми.
Овој резултат најмногу им одговара на лисабонци, но не на Бенфика, туку на Спортинг. Ако Порто и Бенфика ремизираат, Спортинг ќе има предност од 4 бода во однос на двата конкуренти за титулата.
Ова е голот со кој Порто изедначи:
https://twitter.com/i/status/1350194249749331971