Бенфика повторно киксираше во португалското првенство откако на свој терен одигра 2:2 против Каза Пиа. Португалскиот гигант на свој терен водеше со 2:0 до 65-тата минута против тимот кој ќе се бори за опстанок, но на крајот не успеа да ги освои трите бода.
Чудото на Каза Пиа беше најавено во 65-тата минута, кога беше досуден пенал за гостите. Голманот на Бенфика го одбрани пеналот, но тогаш се појави домашниот играч Томас Араужо, кој постигна ефектен автогол.
По одбиената топка, Араужо прв стигна до топката, но наместо да ја расчисти опасноста, тој си постигна ефектен автогол.
Jeste li ikada vidjeli bolji autogol? Dame i gospodo – Tomás Araújo! pic.twitter.com/PEmS3SxZXa
— Elvis Bunic (@kk_bosna) November 10, 2025
Шокот за Бенфика беше комплетиран во судиското надополнување кога гостите израмнија на 2:2. По мечот, тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, буквално збесна.

