Ако постои совршена фудбалска седмица, тоа е оваа што почнува денеска!

Мај секогаш бил најжешкиот фудбалски месец, период во кој е расплетот на тоа што се играло претходните 8-9 месеци. Се решаваат шампионите во одмашните првенства, но и тоа кој е најдобар тим во Европа. Таков ќе биде и овој мај, а следните седум меча ќе бидат навистина спектакуларни.

Шоуто започнува денеска со дуелот меѓу Севилја и Атлетик Билбао, меч на кој домаќините треба да останат во трка за титулата во Шпанија. Од вторник до четврток треба да бидат познати финалистите во Лигата на шампиони и Лигата на Европа. Манчестер сити утре го пречекува Пари сен Жермен во меч на кој Граѓаните имаат предност од 2:1 и се на прагот од пласман во финалето. В среда се игра реваншот меѓу Челзи и Реал Мадрид. Првиот меч во Мадрид заврши 1:1, што е најава за неизвесен реванш.

Четврток е резервиран за двата реванш полуфинални меча во Лигата на Европа. Арсенал дома игра против Вилјареал и ќе ја брка негативата од 1:2, додека вториот меч треба да е ревијален. Манчестер јунајтед има 6:2 пред гостувањето во Рим против Рома.

Од петок до недела се дуелите во Топ 5 лигите и разврските за шампион и настап во Лигата на шампиони. Лестер дома треба да го победи Њукасл во меч на кој домаќините бркаат пласман во ЛШ. Во сабота е шоуто. Барселона и Атлетико Мадрид играат во меч кој може многу да реши околу трката за трофејот во Шпанија. Манчестер сити и Челзи ќе играат во Премиер лигата, дуел кој може да биде и како најава за можно финале во Лигата на шампиони.

Борусија Дортмунд и Лајпциг ќе јуришаат на позиција за во ЛШ, додека во италијанската Серија А, Наполи и Лацио играат дуели во борба за Топ 4. Фудбалската недела ќе заврши со два интересни дуели в недела. Јувентус и Милан ќе играат во Торино, а Реал Мадрид и Севилја ќе водат борба за титулата во Шпанија.

ПОИНТЕРЕСНИ ДУЕЛИ ЗА СЛЕДНИТЕ СЕДУМ ДЕНА

Понеделник: Севилја – Атлетик Билбао

Вторник: Манчестер сити – Пари Сен Жермен

Среда: Челзи – Реал Мадрид

Четврток: Арселан – Вилјареа, Рома – Манчестер јунајтед

Петок: Лестер – Њукасл

Сабота: Барселона – Атлетико Мадрид, Манчестер сити – Челзи, Ливерпул – Саутемптон, Борусија Дортмунд – Лајпциг, Специја – Наполи, Фиорентина – Лацио

Недела: Јувентус – Милан, Реал Мадрид – Севилја.

 

 

- Оглас -

Најнови вести