19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ако повторно се прекине Серија А, првакот може да се дознае по математичка формула

Во Италија се чека повторно враќање на Серија А, која е прекината повеќе од три месеци поради пандемијата од корона-вирусот. Фудбалот во земјата ќе започне со дуелот меѓу Јувентус и Милан во Купот на Италија, а по завршницата во Купот, ќе продолжат возбудувањата во една од Топ-5 лигите во Европа.

Сите клубови во Серија А се подготвени за продолжување, но останува отворена опцијата дека опасниот вирус повторно може да се врати меѓу фудбалските работници. Доколку се случи нова епидемија од корона-вирусот, најавено е дека ќе биде преминато првенството во Серија А.

Иако клубовите првично сакаа во таков случај да нема прогласување првак и да нема испаѓање, сепак денеска е донесена друга одлука. За да нема целосен прекин на првенството, ќе се воведе плејоф за титулата. Доколку и тоа не е можно, во тој случај ќе има целосен прекин на фудбалот, а во тој случај првакот ќе биде познат по пресметан алгоритам.

Во еден таков случај ќе се пресметуваат бројот на одиграни мечеви, бројот на освоени бодови, бројот на постигнати погодоци, како и заработените жолти и црвени картони. Дури 18 клуба се слогласија на вакво сценарио доколку не постои начин како да се продолжи првенството во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести