Ако продолжи традицијата, Арсенал ќе победи без да прими гол

1018 Лидс – Блекбурн (16.00 часот)

Лидс во овој дуел влегува како фаворит поради подобрата форма и домашниот терен (дома има 9 победи по ред). Тимот од областа Јоркшир е лидер на табелата во англискиот Чемпионшип, а Блекбурн е петти со 13 бодови помалку. Лидс има три победи по ред, а Блекбурн во последните три кола освои само еден бод. Лидс е најефикасен тим во лигата, а Блекбурн е најнеефикасен меѓу тимовите кои се во горната половина на табелата. Последниот пораз на Лидс беше во ноември, токму од Блекбурн, а Блекбурн победи со 1-0 и на псоледното гостување кај Лидс.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.02)

 

1028 Стокпорт – Бирмингам (16.00 часот)

Бирмингам е лидер во Лига 1, а Стокпорт петти, па ова е дерби на коло во третата лига по ред во Англија. Сините од Бирмингам имаат само два порази на 21 меч сезонава. Стокпорт во последните три кола имаше по една победа, пораз и реми. Традицијата на меѓусебните дуели најавува меч на кој барем едниот тим нема да даде гол, а поголеми се шансите Стокпорт да биде тимот кој нема да ја затресе противничката мрежа. Овие два тима се сретнаа на почетокот на декември, Бирмингам победи со 2-0.

Предлог тип: 2 (2.30)

 

1001 Брентфорд – Арсенал (18.30 часот)

Новата година во Премиер лигата почнува со дуел на два тима од Лондон. Арсенал со победа или нерешено би се искачил на второ место. Пчелите во последните три кола освоија вкупно еден бод, во тие три меча постигнаа само еден гол. Отсуството на Сака може да биде проблем за Арсенал, но кога ќе игра со посилни тимови. Брентфорд го има победено Арсенал во 2021 година, а од тогаш, секогаш Топчиите победуваат на гости против Пчелите и тоа без примен гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

1937 Х. Бер Шева – Макаби Т.А. (19.30 часот)

Во израелската лига за нова година ќе има дуел на првиот и вториот на табелата, директна борба за титулата. Хапоел Бер Шева е лидер и има еден бод повеќе од Макаби Тел Авив. Хапоел има примено само 9 гола во 15 кола. Последниот пораз на Хапоел беше на 14-ти септември, и тоа гостуваше кај Макаби. На последните пет меѓусебни дуели, никогаш не било „гол-гол“, последните два дуели во Бер Шева беа со 0-1 гол.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.18)

 

1023 Сандерленд – Шефилд јунајтед (21.00 часот)

Ова ќе биде интересен меч помеѓу два тима кои се борат да се вратат во Премиер лигата. Двата тима играат променливо, во последните три кола имаат по една победа, пораз и реми. Шефилд кој е втор и ја има втората најцврста одбрана во Чемпионшип, има пет бода повеќе од четвртиот Сандерленд кој го има четвртиот најефикасен напад во лигата. Сандерленд нема пораз на свој терен сезонава, а Шефилд на гости не загубил уште од октомври. Во ноември кога играа во Шефилд, Јунајтед победи со 1-0, а Сандерленд утна пенал.

Предлог тип: Х било кога (1.73)

- Оглас -

Најнови вести