39.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ако Реал го продаде Винисиус, парите ќе ги искористи за да го купи Халанд

Преговорите за нов договор на Винисиус со Реал Мадрид се во ќорсокак, бразилскиот фудбалер барал плата каква што има Килијан Мбапе, но раководството не е подготвено да го задоволи ова барање.

Договорот на Вини со Кралскиот клуб истекува во летото 2027 година, па во Реал Мадрид се смирени и се надеваат дека во рок од една година ќе се постигне договор. Доколку нема напредок, Реал може да размисли за продажба на Винисиус за огромна сума. За играчот постои голем интерес од Саудиска Арабија.

Се појавија шпекулации дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, уште сега знае што сака да прави со парите од евентуалната продажба на Винисиус. Во тој случај Реал ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.

Шефот на мадридскиот клуб сонува да има тандем Халанд-Мбапе, и оваа желба можеби ќе му се исполни следната година.

- Оглас -

Најнови вести