Ако Реал Мадрид не го освои трофејот на Светско клупско првенство, Анчелоти ќе добие отказ!?

Реал Мадрид влезе во резултатска криза, па во последните пет недели дозволи нивниот најголем ривал Барселона да избега на осум бода во трката за тиутлата во првенството. Кралскиот клуб победи на два од последните пет средби во првенството, но тоа што уште повеќе загрижува е играта, која е неубедлива. Според некои шпекулации, тренерот Карло Анчелоти е под притисок дека Реал Мадрид сега треба да го освои пехарот на Светско клупско првенство, во спротивно, италијанскиот стратег може да добие отказ.

Реал го загуби пехарот во Суперкупот на Шпанија откако со 3:1 загуби од Барселона, која доминираше на теренот на таа средба. Кралевите беа на работ од испаѓање и во Купот на Шпанија, но со чудесен пресврт се спасија на гости кај Вилјареал и победија со 3:2.

Факт е дека Реал уште е во трка за трофејот во Купот на Шпанија, не е откажан ниту од борбата во Примера дивисион, како и Лигата на шампионите, но сепак, доколку продолжат лошите игри во следниот период, тоа ќе биде кобно за сезоната да биде неуспешна.

Реал Мадрид во полуфиналето на Светското клупско првенство утре игра против Ла-Ахли од Египет, а победникот од овој дуел во финалето ќе игра со подобриот од мечот Фламенго – Ал-Хилал.

На Светското клупско првенство веќе со години доминира европскиот првак, па Реал Мадрид и овојпат е прв фаворит за трофејот.

- Оглас -

Најнови вести