Финалето на Купот на Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид беше доведено под прашалник, откако Кралевите изразија сериозна загриженост околу назначувањето на главниот судија за мечот.
Првично дури се појавија сомнежи дека Реал Мадрид би можел да се повлече од финалето вечерва, откако клубот ја откажа својата отворена тренинг-сесија и прес-конференцијата. Сепак, и покрај гласините за можно неиграње, Реал Мадрид брзо ги демантираше тие информации.
Но, кој би го зазел нивното место доколку тоа навистина се случеше?
Со оглед на чувствителната ситуација, промени не се исклучени. Според шпанското издание „Релево“, ако некој тим се повлече или не се појави на финалето, нема да има право на учество во следното издание на Купот.
Но, во случај Реал Мадрид да се повлече(ше), Барселона немаше автоматски да биде прогласена за победник. Наместо тоа, каталонците ќе играа финале против Реал Сосиедад, тимот што Реал Мадрид го елиминираше во полуфиналето.
Сепак, по официјалното соопштение на Кралскиот клуб, вакво сценарио изгледа многу малку веројатно.
„Во врска со гласините кои се појавија во последните часови, Реал Мадрид соопштува дека тимот никогаш не размислувал за повлекување од финалето. Нашиот клуб верува дека вредностите на фудбалот треба да преовладуваат, и покрај непријателството што го чувствуваме од страна на назначените судии за финалето“, истакнаа од Реал Мадрид.
За главен судија на мечот е назначен Рикардо де Бургос Бенгоечеа.