Република Ирска има освоено само три бода од шест меча во квалификациската група и веќе нема шанси да се бори барем за втората позиција која води место на Европското првенство. Сепак, Ирска има свои калкулации кои помалку се банални.
Според пресметките, Ирска во последното коло кога ќе игра против Холандија, ќе мора да загуби, ако се поклопат резултатите и така би добила шанса за место на континенталниот собир.
Причина за ваквата пресметка е системот за доигрување кој се темели на резултатите од Лигата на нации, а не од позицијата во групата. Доколку Ирска загуби од Холандија, Лалињата би требало да обезбедат директен пласман на ЕП 2024 година. Ирска во тој случај би добила шанса да се бори за место на Еп 2024 година и тоа преку Лигата на нации.
Во таква ситуација најмногу ќе настрада Грција. Ако Грците завршат на третото место во групата (без разлика што сега има дури девет бода повеќе од Ирска), нема да обезбедат место на ЕП 2024, а нема да имаат шанса ниту за поправен преку Лигата на нации.
What I warned about has happened
In Group B, 🇮🇪 to have any chance of playing in the play-offs, must … lose to 🇳🇱(this will create additional playoffs place possible taken by 🇮🇪), while an 🇮🇪 win against 🇳🇱 almost certainly takes away 🇮🇪’s chance to advance
This is unacceptable https://t.co/DzRAISlG1w pic.twitter.com/wuALGHeQ8d— AbsurDB (@DbAbsur) October 14, 2023