7.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Ако сакате да верувате на некој тим на домашен терен, тоа е екипата која е лидер во Лига 2 во Англија

Англискиот фудбал секогаш носи интересни приказни и тоа не е само во Премиер лигата или Чемпионшип, туку и во помалку квалитетните лиги. Во Лига 2, која по ранг е четврта лига во Англија, на првото место е тимот на Бромлеј.

Екипата на Бромлеј е една од ретките во цела Европа што може да се пофали дека нема пораз на домашен терен. Сезонава, во 16 средби пред своите навивачи, Бромлеј има девет победи и седум нерешени, без ниту еден пораз. Ако на тоа се додадат уште три меча од ланската сезона во кои не загубија на свој терен, Бромлеј сега има 19 натпревари без ниту еден пораз.

Во последните преку 20 години, во овој ранг од натпреварување само пет екипи имале подолга серија без пораз на свој терен. Утре, Бромлеј повторно игра на свој терен и тоа против Акрингтон кој е на 13 место на табелата во Лига 2.

- Оглас -

Најнови вести