Се одбројуваат последните часови од почетокот на 23-тото коло на Спортска прогноза. Може да типувате со 15:30 часот, односно до почетокот на бундеслигашките дуели Хофенхајм – Волфсбург, Падерборн – Херта и Аугзбург – Фрајбург.
Со точно прогнозирани исходи на 13-те натпревари кои се понудени за прогнозирање во основната понуда во ова коло, наградата е примамливиот iPhone XS.
Има доста интересни дуели во ова коло, во центарот на вниманието се дербијата Лацио – Интер и Челзи – Манчестер јунајтед. Според процентите на оние што досега типувале, најголема предност им се дава на Лион против Стразбур (дури 93,8 проценти) и на Хофенхајм против Волфсбург, 77,6 отсто. Кај Лацио – Интер, најмногу (40 проценти) типувале на „икс“, а на Челзи предност му даваат речиси две третини од прогнозерите.
Правилата и добивките се стандардни како во секое коло. „Среќна 13-ка“ ќе ви донесе мобилен телефон iPhone XS. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека со 11 погодоци ќе добиете ваучер од 500 денари. Резервните парови е сметаат во Генералниот пласман.
Повелете со вашите прогнози, а секогаш има неограничено место и за нови прогнозери кои се добредојдени. Наградите се одлични, забавата е загарантирана, секогаш е поинтересно кога има дополнителни мотиви за следење на натпреварите, а Sport Life наградува со телефони, ваучери, телевизори, СЛ Маркет поени…