Од 21 часот се играат двата меча од последното трето коло од групата Ф на Европското првенство во фудбал со кои завршува групната фаза. Во Специјалниот сингл на Sport Life за овие две средби, има пребогата понуда со огромен број игри.
Една од опциите со која секогаш сте во сериозна игра е Кристијано Роналдо да постигне и Португалија да победи на дуелот со Грузија. Квотата е 2.00, но се чини дека е вистински „зицер“.
Да речеме, можете да бркате и коефициент 15.00, а тоа е дека првиот гол ќе падне од слободен удар. Роналдо, но и Кварацкелија кај Грузијците, се вистински мајстори за слободни удари.
Има огромна понуда и за вториот меч од групата Ф, дуелот меѓу Чешка и Турција.
На Чесите им е потребна победа, а квотата е 2.60. Турците, сепак, се сериозен тим, па можете да се обложите на нивна победа, со услов и Арда Ѓулер да биде стрелец на гол, и за тоа се нуди коефициент 7.50.
Доколку одберете опција за автогол на овој меч, тогаш квотата е 20,00.