Ливерпул ќе се обиде да го направи Мохамед Салах најскапоплатен фудбалер во историјата на англискиот гигант, доколку голгетерот ја прифати понудата за нов договор.
Салах моментно добива 200.000 фунти неделно, а доколку летово се согласи на нов договор, во следните четири години ќе добива по 230.000 фунти неделно. Актуелниот договор на Салах со Ливерпул е до јуни 2023 година.
Најскапоплатен играч во Ливерпул сега е дефанзивецот Вирџил ван Дајк со неделна плата од 220.000 фунти. Во изминативе неколку недели, Ливерпул ги продолжи договорите со неколку клучни играчи, како што се Ван Дајк, голманот Алисон Бекер и англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд.