Екипите од саудиската Про лига повторно се намерачија на голем број фудбалски ѕвезди коишто играат во европските лиги и ако успеат да донесат барем половина од нив, тогаш лигата ќе биде подеднакво атрактивна како и Премиер лигата, објави телевизијата ЕСПН.
Според ЕСПН, на листата на желби на саудиските екипи се наоѓаат играчи како: Мохамед Салах, Кевин де Бројне, Вирџил ван Дајк, Алисон Бекер, Рафаел Варан, Бруно Фернандеш, Каземиро, Бернардо Силва, Андреас Переира.
Американската телевизија од свои извори дознава дека Саудијците налето нема да трошат премногу пари за трансфери како што беше минатото лето, кога спискаа речиси милијарда евра, но ќе се обидат да ги намамат ѕвездите со плати какви што нема да можат да добијат во Европа.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1763183084038398115?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1763183084038398115%7Ctwgr%5Ed902ca8560d6b3c1bb769764e0824832ceab7e12%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.n1info.rs%2Ffudbal%2Fpremier-league%2Fsaudijska-liga-ce-biti-atraktivnija-od-premijer-lige%2F
Освен фудбалските ѕвезди, тие ќе се обидат да привлечат големи тренерски имиња и на нивниот список на желби се наоѓаат Жозе Мурињо, Маурисио Покетино, Сержо Консеисао, Томас Тухел…
Сите летни трансфери треба да се реализираат преку Саудискиот инвестициски фонд, кој е сопственик на четири најголеми екипи во земјата, Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал.