Ако се држи до својата филозофија, Гвардиола веќе треба да се откаже од титулата во Англија

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред пет години издаде книга во која напиша дека титулите во домашните првенства се губат по првите осум одиграни кола. Токму оваа изјава на Гвардиола сега е во центарот на вниманието, ако се знае дека во англиската Премиер лига по првите осум кола, Граѓаните заостануваат дури осум бода зад лидерот Ливерпул.

„Титулите се освојуваат во последните осум кола, а се губат во првите осум кола“, напиша Гвардиола во книгата „Доверливо“.

Сити во минатата сезона одигра феноменално во последните осум кола и навистина благодарение на тие резултати, стигна и до титулата. Сега ситуацијата е обратна. Граѓаните во првите осум кола двапати загубија и еднаш ремизираа, па имаат 16 бодови, осум помалку од лидерот Ливерпул, кој е перфектен со 24 бодови досега.

Ако се покаже како точна теоријата на Гвардиола, Ливерпул уште во октомври може да мисли на освојување на шампионската титула за која сонува веќе 30 години.

- Оглас -

Најнови вести