Англија може да стане првата земја која во една сезона ги дала финалистите и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Челзи и Манчестер сити се во полуфинална пресметка со Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, додека Манчестер јунајтед и Арсенал ќе бидат во борба за пласман во финалето на Лигата на Европа, а противници им се Рома и Вилјареал.
За поинтересно следење на овие двомечи, имате интересна понуда да се обложите за тоа кои екипи ќе се пласираат во финалињата. Според квотите, три од четирите англиски клубови се фаворити за влез во финалињата.
Манчестер сити ја има фаворитската улога против ПСЖ, а во иста ситуација се и Манчестер јунајтед во двомечот со Рома, како и Арсенал против Вилјареал.
Единствено Челзи е „аутсајдер“ против Реал Мадрид. За влез на Кралевите во финалето од ЛШ, коефициентот е 1.77, додека дека лондонскиот тим ќе биде подобар во двомечот, квотата е 2.05.