Жозе Мурињо доби отказ од Тотенхем, а предвремената разделба по желба на клубот ќе ги чини Спарс неверојатни 30 милиони фунти. Англиските медиуми објавија дека 20 милиони фунти му се загарантирани на Специјалниот според важечкиот договор со Тотенхем, што денеска е раскинат, но имало и анекс за соработка до 2022 година што ќе му донесе уште 10 милиони фунти од касата на премиерлигашот.
Со тоа Португалецот ќе стигне до фантастични 92,5 милиони фунти што ги добивал како отштета за отказите во четири клуба.
На Челзи за двата откази што ги доби му беа исплатени вкупно 30,5 милиони фунти, првиот пат 18, потоа уште 12,5, а одлично мина и со Реал Мадрид и со Манчестер јунајтед.
Кралскиот клуб му плати 17 милиони фунти за последната година од договорот што Мурињо требаше да ја мине во Мадрид на кормилото на најтрофејниот европски клуб, а Црвените ѓаволи, кои една година предвреме му врачија отказ на Португалецот во 2018 година, му платија 15 милиони фунти.
Менаџер на Мурињо е познатиот Жож Мендеш, а очигледно е дека врвно си ја работи работата кога во е прашање неговиот клиент од Португалија.