Ако се игра без публика, Реал и Барса ќе губат пари, но ќе се спасат од навивачки навреди и притисок

Шпанските медиуми анализираат каков ефект ќе има евентуалната одлука за играње на мечевите од Ла Лига без присуство на публика. Не е исклучено уште викендов да се воведе забраната за присуство на публика.

Од такво сценарио најзагрозени од економска гледна точка ќе бидат водечките тимови, Барселона и Реал Мадрид, кои имаат најмногу публика, па би останале без сериозни приходи од продадени билети. До крајот на сезоната, Каталонците треба да играат дома уште петпати, а мадриѓаните уште шестпати.

Но, она што им одговара на двата кандидати за титулата е што кога ќе гостуваат на жешки терени, против себе нема да ја имаат публиката. Барса би се спасила од пеколот на „Санчес Писхуан“ кога ќе гостува кај Севилја, а за Реал многу подобро би било ако нема публика кога гостува кај Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ или кај Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести