Ако се изгласа овој предлог, многу би се сменил фудбалот: аут да се изведува со нога!

На следниот состанок на Бордот на Интернационалната фудбалска асоцијација, ИФАБ, кој е задолжен за донесување и менување на правилата во фудбалот, ќе се разгледува идејата на Арсен Венгер за нов начин на изведување аут.

Венгер, кој е главен во комисијата на ФИФА за развој на фудбалот, предлага наместо во рака, аутите да се изведуваат со нога. Идејата е да се забрза играта. Холандската федерација најави дека во нивната втора лига од следната сезона најверојатно ќе се тестира ова правило и аут ќе се изведува со нога.

Освен ова, во планот на Венгер има и кратење на мечевите од 90 на 60 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести