Ако се одиграат Квотите на ден, потенцијално со 100 денари може да се заработи 100 евра

Пет интересни репрезентативни дуели се играат денеска на европско тло кои ако се одиграат според понудените комбинации кои ги нудат Квоти на ден, со само 100 вложени денари, можната добивка би била 100 евра, затоа што вкупниот коефициент кој се добива е 62.32.

Данска ја пречекува Северна Ирска и домаќините треба да дадат најмалку еден гол во првото полувреме, а до крајот на мечот да има барем два погодоци во мрежата на гостите, за да биде добитна квотата од 1.95.

Холандија ќе гостува кај Финска и Лалињата треба уште во првото полувреме да имаат предност и на крајот да победат во меч на кој ќе бидат постигнати минимум два погодоци. Коефициентот за оваа комбинација е 2.05.

Албанија и Србија ќе играат во дербито на денот, а на мечот во Тирана треба да има од еден до три погодоци во двете полувремиња, комбинација која се вреднува со 2.35 квота.

Австрија на свој терен не треба да загуби од Романија во меч на кој двете селекции треба да постигнат барем по еден погодок. Оваа комбинација е со коефициент од 2.50.

Грција пред своите навивачи треба да ја победи Словачка, во меч на кој ќе биде постигнат барем еден погодок во првото полувреме, за да биде добитна квотата од 2.65.

- Оглас -

Најнови вести