Ако се остварат засилувањата од 340 милиони, Њукасл во следната сезона ќе биде непрепознатлив (Фото)

Њукасл летово ќе тргне во шопинг на фудбалери, без многу да размислува на нивната цена. Најавите се дека саудиски газди на Чавките ќе потрошат дури 340 милиони евра за засилувања, без да го прекршат финансискиот ферплеј.

Премиерлигашот за 30 милиони го купи мега талентот Уго Екитике, 19-годишниот напаѓач на Ремс, кој во француската лига имаше 11 гола и пет асистенции.

На голот се очекува да застане Дин Хендерсон од Манчестер јунајтед, иако и Мартин Дубравка солидно си ја вршеше работата сезонава. Одбраната ја освежија во јануари со Ден Брн и Киеран Трипие, а сега би ги донеле Ренан Лоди од Атлетико и Нејтан Аке од Манчестер сити.

Одлично засилување се покажа Бруно Гимараеш кој дојде од Лион, па сега од Лион е го носат и другиот феноменален Бразилец, Лукас Пакета. Во средниот ред желба им е и Адриен Рабио.

Во нападот, нови крила треба да бидат Јаник Караско и Муса Диаби од Баер Леверкузен.

Еве како би изгледал Њукасл во следната сезона ако ги донесе сите играчи кои ги сака:

 

- Оглас -

Најнови вести