Ако се точни прогнозите, тешко ќе биде за Манчестер во наредниот период

Манчестер јунајтед е во големи проблеми. Црвените ѓаволи на дербито против Ливерпул сигурно ќе играат без Маркус Рашфорд, но тоа не е најлошата вест за тренерот Оле Гунар Солскјер.

Според пишувањата на новинарот на Гардијан, Даниел Харис, повредата на Рашфорд е сериозна и тој ќе паузира многу повеќе од само еден меч против Ливерпул.

„Маркус Рашфорд има сериозна повреда на грбот и ќе биде надвор од теренот во следните неколку месеци. Веројатно тоа се случува кога целиот товар на тимот го носите на ваш грб“, напиша Харис.

Англискиот репрезентативец сезонава играше одлично и во 31 меч даде 19 погодоци, што значи дека ќе биде навистина голем хендикеп за Манчестер јунајтед во трката за подобар пласман во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести