24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ако се врати Коронавирусот во Серија А – шампион нема да има!

Италија полека се опоравува од опасниот Коронавирус, а во земјата започнува да се враќаат нормалните активности. Според предвиденото, од 20 јуни повторно ќе се играат и мечевите во Серија А. Сепак, фудбалските клубови со резерва го чекаат продолжувањето на првенството кое веќе три месеци е во прекин.

На последниот состанок кој го одржаа 20-те клубови кои се дел од Серија А, беше донесен важен заклучок, а тоа е дека доколку Коронавирусот повторно се врати меѓу фудбалерите, ќе мора да следува и нов прекин на шампионатот. Доколку тоа се случи, автоматски ќе се стави и крај на ова првенство.

Вкупно 16 клубови од Серија А гласаа дека доколку повторно се прекине првенството, не треба да има испаѓање, но да нема ни шампион, освен ако некој клуб и теоретски успее да стигне до недостижна предност во однос на конкурентите. По 26 одиграни кола, Јувентус има 63 бодови, само еден повеќе од второпласираниот Лацио, што значи дека моментно е мртва трка за титулата меѓу овие два клуба.

Пред рестартот на Серија А, треба да се одиграат полуфиналните дуели од Купот, а потоа и финалето во најмасовното натпреварување. За тоа како треба да функционира фудбалот во Италија по Коронавирусот прво треба да видиме на 12 јуни кога е закажан дуелот од Купот меѓу Јувентус и Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести