Ако си замине Асенсио, Реал ќе се обиде да ги купи Дибала или Сон?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, неодамна изјави дека составот на Кралскиот клуб за следната сезона во принцип е затворен, но не ја отфрли можноста да се купи еден офанзивец доколку се процени дека има потреба.

Позиција на која Реал би купил нов играч е десно крило. Марко Асенсио, кој има договор до 2023, уште не дал конечен одговор дали ќе го продолжи договорот. Ако изрази желба да си оди, тогаш Реал ќе купи нов играч на негово место.

Според шпекулации на италијански медиуми, европскиот првак е заинтересиран за Пауло Дибала, чиј трансфер од Јувентус во Интер се изјалови, барем засега.

Во Англија, пак, го спомнуваат Кореецот Хеунг-мин Сон од Тотенхем како можно засилување на Реал. Сон во минатата сезона во Премиер лигата даде 23 гола, од кои ниту еден од пенал.

- Оглас -

Најнови вести