Ако следната сезона во Англија се игра без публика, најголем губитник ќе бидат Црвените ѓаволи

Англиската премиерлига не е имуна на корона-вирусот, финансиските загуби од прекинот на првенството се огромни, а веќе се прават калкулации и околу црните предвидувања за следната сезона, во која можеби ќе треба да се игра без публика. Најавите се дека нема да има публика на трибините во скоро време, па во Премиер лигата се подготвуваат за можноста следната сезона да ја играат без навивачи.

Богатите договори за телевизиски преноси им носат најголеми приходи на клубовите, но и продажбата на билети уште е една од најважните ставки кои им носат добра заработка.

„Големата шесторка“ на Премиер лигата (Арсенал, Челзи, Ливерпул, Тотенхем и двата тима од Манчестер), заедно имаше 73 проценти од вкупната заработка на првенството. Манчестер јунајтед го има најголемиот стадион во Премиер лигата и има најголем просек на гледаност, па тие би биле клубот кој ќе биде најоштетен ако се игра без присуство на гледачи. Црвените ѓаволи во просек од еден домашен меч имаат заработка од над 4 милиони фунти.

Осум тима заработуваат над 1 милион фунти по меч. Зад Јунајтед се: Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Челзи и Сити. Парите од продажбата на билети често се користат за плати за фудбалерите. Секако и трошоците се големи, на пример, Манчестер јунајтед за секој домашен меч ангажира 3.340 луѓе (најголем дел од нив се редари).

- Оглас -

Најнови вести