Судијата постигна гол, погодокот важеше (Видео)

На социјалните мрежи повторно е популарна една интересна ситуација видена на фудбалски нисколигашки натпревар во Холандија одигран во септември 2019 година.

Екипата на Харкемасе бојс прими гол кој беше постигнат од главниот судија на натпреварот. Збунетите фудбалери се жалеа и побараа објаснување, но судијата покажа кон центарот и голот важеше.

Во меѓувреме, правилата се сменети, и денеска по секој контакт на судијата со топката, играта се прекинува, и овој гол не би важел. Но, до пред пет години, во фудбалот беше можно судија да биде стрелец на гол.

https://twitter.com/i/status/1786836441924079930

- Оглас -

Најнови вести