Човекот кој купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед и сега е главен за фудбалски операции во најтрофејниот англиски клуб, сер Џим Ретклиф, веќе има план кој би го заменил менаџерот Ерик тен Хаг доколку добие отказ пред крајот на сезоната.
Ретклиф планира годинава да направи револуција и најверојатно од следната сезона Тен Хаг нема да ја води екипата, а според англиските медиуми, Холанѓанецот може и да не го дочека крајот на оваа сезона.
Според медиумите, Ретклиф веќе има три имиња кои би можеле да го наследат Ретклиф, тоа се Роберто де Ѕерби, Греам Потер и Франческо Фариоли.
Потер и Де Ѕерби се поранешен и актуелен менаџер на Брајтон кои негуваат слична филозофија, напаѓачки и атрактивен фудбал со висок пресинг и посед на топката.
Фариоли е нивна спротивнист, тој прави чуда со Ница благодарение на цврстата игра во одбраната. Ница сезонава има примено само 11 гола во Лига 1, а даде 19 и се наоѓа на второто место на табелата со осум бода зад лидерот ПСЖ.