Играчите на Реал Мадрид мора строго да го почитуваат клупскиот правилник бидејќи ако го прекршуваат, постојано ќе бидат казнувани. Шпанската „Марка“ ги откри висините на казните кои треба да ги платат ѕвездите доколку не се држат до „куќниот ред“.
Сите играчи на Реал мора да бидат во тренинг-кампот најмалку 45 минути пред да започне тренингот. Секое доцнење од 5 минути чини 200 евра, 15 минути задоцнување е 500 евра, а секое подолго задоцнување е 1.000 евра. Играчот кој нема да се појави на тренинг без претходно да го најави своето отсуство ќе биде казнет со 3.000 евра.
Користењето на мобилни телефони е максимално ограничено. Доколку се случи на некој играч да му заѕвони телефонот додека е во соблекувална, на масажа или во клупскиот автобус, ќе мора да плати 250 евра. Ако тоа се случи повеќе од еднаш, казната е 500, па 1.000 евра, во зависност колку пати се прекршува ова правило.
Секој играч мора најмалку еднаш неделно да оди на мерење на килажата. Оној кој ќе заборави да се измери ќе плати 250 евра. За секој играч има и горна граница за тоа колку килограми може максимум да има. Ако биде надмината таа граница, казната е 1.000 евра.
Ако играчите имаат слободен ден и сакаат да излезат надвор од Мадрид, тоа мора да го пријават во клубот, инаку следува казна од 1.000 евра. Повредените играчи не смее да го напуштаат градот, освен ако не добијат дозвола од клубот. Тоа е само еден дел од правилата по кои треба да се придржуваат фудбалерите на Реал Мадрид.